Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека е време сите да ја почитуваат одлуката на народот на Република Српска кој го избра Милорад Додик за свој претседател.
„Во демократијата нема место за легален лов на вештерки“, рече Орбан на платформата X.
Орбан реагираше на одлуката на Апелациониот оддел на Судот на БиХ, кој претходно денес ги потврди првостепените пресуди против Додик и в.д. директорот на „Службен весник“ Милош Лукиќ за непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Додик осуден на една година затвор и шестгодишна забрaна за политичка активност
Додик беше осуден со првостепената пресуда на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.




