дома Бизнис Трамп потпиша извршна наредба за нови царини што ќе стапат на сила...

Трамп потпиша извршна наредба за нови царини што ќе стапат на сила следната недела

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која официјално се најавуваат нови царини за увоз од десетици земји, кои ќе стапат на сила за седум дена.


Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија.
Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја подлежат на царини од 15 проценти.
Овие царини се дел од стратегијата на Трамп за намалување на трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави, објави Ројтерс.
Како што објави Белата куќа, царините се „реципрочни“ и се воведуваат за да се решат моменталните трговски нерамнотежи со различни трговски партнери.
Според новите мерки, извозот од Канада ќе биде оданочен со 35 проценти, додека другите земји добија следниве стапки: 25 проценти за стоки од Индија, 30 проценти од Јужна Африка.
Според претходните најави, царинските стапки за Србија ќе бидат 35 проценти, за Босна и Херцеговина 30 проценти, за Индија 25 проценти, за Турција и Израел 15 проценти и за Швајцарија 39 проценти,додека Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ со 15 отсто.

Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија. Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“

Трамп воведе минимална глобална царинска стапка од 10 отсто, додека за земјите со кои САД имаат изразен трговски дефицит, тарифите ќе започнуваат од 15 отсто па нагоре.

Новиот тарифен режим нема да стапи на сила денес, како што се очекуваше.
Наместо тоа, царините ќе бидат воведени на 7 август за да им се даде доволно време на Царинската и граничната заштита да ги направат потребните промени за наплата на новите давачки, објави Си-Ен-Ен.

ПредходнаМеџити, Касами и Лимани ќе бидат кандидати за градоначалници на Вреди за локалните избори
СледнаМакедонија со царина од 15 отсто – Tрамп ги објави стапките за земјите од светот