дома Локално ЦУК: Нема активни пожари, сите се изгаснати или ставени под контрола

ЦУК: Нема активни пожари, сите се изгаснати или ставени под контрола

Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино, а останатите четири во прилепскиот регион.

На вчерашната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.

– Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, нагласи Ангелов.

ПредходнаЛесен летен оброк кој му прија на стомакот: Крем супа од тиквички и компири, со зачините може да си поиграте
СледнаЕвропската комисија објави нова студија за промена на часовникот