Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави „дека слушнал оти Индија повеќе не сака да купува нафта од Русија“, објави Ројтерс.

Како што објави ТАСС, Трамп рече дека Индија ќе престане да купува нафта од Русија за да постигне трговски договор со САД.
„Колку што разбирам, Индија повеќе не сака да купува нафта од Русија. Тоа е она што го слушнав. Не знам дали е тоа вистина или не“, им рече тој на новинарите во Белата куќа, коментирајќи ги трговските преговори меѓу Вашингтон и Њу Делхи.
Трамп претходно воведе царина од 25 проценти за индиските стоки и се закани со „казна“ за купување руска нафта.




