дома Свет Балкан И српскиот патријарх Порфирије го брани и е против пресудата на...

И српскиот патријарх Порфирије го брани и е против пресудата на Додик

 Српскиот патријарх Порфирије исто како и српските политичари- бистри политика и раскажува за српска правда. Тој има свое толкување па  изјави дека пресудата против претседателот на РС Милорад Додик е донесена за да се поништи демократски изразената волја на српскиот народ, да се делегитимира постоењето на Република Српска и да се доведе во прашање опстанокот на српскиот народ во Босна и Херцеговина.


„Иако очекувано, сепак со длабока загриженост ја примив веста дека највисокиот избран претставник на српскиот народ во Босна и Херцеговина, г-дин Милорад Додик, претседател на Република Српска, во нелегална и антидемократска постапка, моноетничкиот состав на таканаречениот Суд на Босна и Херцеговина ја потврди претходно изречената затворска казна и забрана за занимавање со политика“, изјави патријархот Порфирије во изјава за Танјуг.
Тој нагласи дека изразува целосна и недвосмислена поддршка за претседателот Додик и повтори дека пресудата е донесена за да се поништи демократски изразената волја на српскиот народ, да се делегитимира постоењето на Република Српска и да се доведе во прашање опстанокот на српскиот народ во Босна и Херцеговина.

„Загриженоста е уште поголема поради немирите што се случуваат во животниот простор на српскиот народ, кој го споделуваме со векови со народи од исто потекло и јазик. Затоа, апелирам и барам, пред сè, од верските водачи во Србија, Босна и Херцеговина и на други места сите да сторат сè што е во наша моќ за да се зачува мирот и за мирна иднина за децата и младите генерации“, рече патријархот.
Тој нагласи дека политичките фактори не смеат да дозволат нашите народи да станат жртви на интересите на оние што ги иницираат овие процеси од далеку.
„Се молам и ги повикувам сите православни Срби да се молат на Господа за да се постигне барем минимум меѓусебно разбирање заради општото добро, мирот и иднината на нашиот народ“, нагласи Порфирије.
Апелациониот оддел на Судот на БиХ во петок ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

ПредходнаОслободениот израелски заложник го препозна тунелот на Хамас каде што беше држен
СледнаНова саботажа на важна железничка линија