Стефан Ѓуриќ – Раста синоќа беше уапсен во Охрид, каде што имаше настап, а полицијата наводно го привела поради поседување на наркотични средства.
Раста требало да настапи во еден клуб во Охрид, но пред тоа бил пресретнат од полицијата, која му ставила лисици на рацете.
Апсењето на популарниот рапер било пред хотелот на очиглед на минувачи кога полицијата му ставила лисици на рацете кога тој се упатил на настап на концерт.
Српските медиуми шпекулираат дека во собата на Раста полицијата нашла марихуана.
На Инстаграм-профилот на раперот, само неколку часа пред апсењето, се појавија фотографии од терасата на апартманот, каде што уживаше со пријателите.
Да потсетиме, Раста во 2020 година беше уапсен поради поседување дрога.