дома Магазин Родители си го оставиле детето на аеродром и отишле на одмор: Следело...

Родители си го оставиле детето на аеродром и отишле на одмор: Следело апсење

Брачен пар е уапсен во Барселона, Шпанија, бидејќи го оставиле својот 10-годишен син сам на аеродромски терминал откако откриле дека неговиот пасош е истечен, со цел да се качат на лет за Мароко со другото дете.

Момчето, кое не можело да се качи во авионот поради проблеми со визата, било оставено од неговите родители на терминалот на аеродромот Барселона-Ел Прат.

Вработена во контролата за летање, која се претстави како Лилијан, зборуваше за овој инцидент во видео објавено на TикTок, наведувајќи дека на детето му било спречено да лета поради истечен пасош и дека за патувањето била потребна и виза, пренесува “Дејли мејл“.

Неговиот пасош истекол, па детето патувало со шпански пасош, но му била потребна виза. Бидејќи немале виза, го оставиле детето само на терминалот и повикале роднина да го земе, објаснила Лилијан.

„Јас сум контролор на летање и како контролор сум видела многу работи, но ова беше сосема надреално“, раскажува контролорката во видеото.

„Зачудена сум кога ќе помислам како родителите би можеле да го остават својот десетгодишен син на терминалот затоа што не може да патува поради проблеми со документацијата. Тие повикале роднина, на кого можеби ќе му требаат половина час, еден час или три часа за да стигне до аеродромот, и тие мирно се качиле на летот и го оставиле детето“, додаде таа.

„Како мајка, јас сум шокирана“.

Вработените на аеродромот го пронашле момчето само и ја известиле полицијата, вели во видеото Лилијан.

„Им кажа дека неговите родители се на лет кон нивната татковина, каде одат на одмор“, додаде таа.

Двојката, која патувала со другото дете, веќе била во авионот.

Тие го оправдаа своето однесување тврдејќи дека пасошот на нивниот син е истечен и дека за неговиот шпански документ е потребна виза, а за да избегнат губење на авионските билети, родителите се качиле во авионот и го оставиле синот на аеродромот.

Шпанската полиција интервенираше и го спречи полетувањето.

Родителите и нивното второ дете биле однесени во полициска станица на испрашување.

ПредходнаМакрон до Вучиќ: Босна и Херцеговина е неделива и суверена држава
СледнаАктерот Гери Бузи призна дека сексуално вознемирувал жени: „Не беше случајно допирање“