- Невреме со силен ветер и грмотевици дожд и град со големина на лешник попладнево зафати повеќе населби во Скопје, а според УХМР вечерва движи кон велешко, како и кривопаланечко и штипско. Засега нема информации за евентуални штети.
„Силна нестабилна облачна маса се спушта кон Езеро Младост и дел од Велес. Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер. Силна нестабилност има и измеѓу Штип и Кочани во гегионот на Горни и Долни Балван каде исто така имаме интезивни поројни врнежи од дожд и град , грмежи и засилен ветер. Од запад кон Скопје навлева нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и можна појава на град“, информира УХМР.
- Во Скопско каде помина невремето според првичните информации, најтешко се погодени населбите од центарот кон западниот дел од градот – Буњаковец, Карпош, Тафталиџе, Козле. Во половина град во 18 часот беше мрачно како да е ноќ од густите црни облаци, а силна бука предизвикаа облаците од град кои ги побелеа дел од скопските населби
Од УХМР додаваат дека нестабилна облачна маса има и во Прилепскиот Регион, измеѓу Прилеп и Росоман, Неготино, Демир Капија, Виница, Делчево, каде што има појава на пороен дожд, силни електрични празнење, засилен ветер и појава на град.
Според последните мерења на УХМР, температурите попладнево се движат од 11 Целзиусови степени на Попова Шапка до 33 степени во Демир Капија.