дома Македонија Црна хроника ОЈО Куманово постапува за случајот со скандирање на кошаркарскиот натпревар

ОЈО Куманово постапува за случајот со скандирање на кошаркарскиот натпревар

   Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, информираа денеска од ЈОРСМ.

Од Обвинителството велат дека е издадена  наредба и за обезбедување на снимките од видео надзор со цел идентификација на евентуални сторители.

Осуда за нерпимерното скандирање на поединци на кошаркарскиот натпревар денеска изразија политичките партии од власта и од опозицијата, од Општина Куманово и од раководството на Македонската кошаркарска федерација.

Во Куманово вчера беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија. Организатор на настанот беше Македонска кошаркарска федерација, а домаќин Општина Куманово

На натпревар Македонија – Романија, се слушале националистички скандирања од трибините во спортската сала во Куманово, додека на настанот присуствувала и владина делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски.

Фотографии од натпреварот може да се најдат на фејсбук – профилот на премиерот на кои се гледа дека тој го проследил натпреварот заедно со кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Вчерашниот настан послужил и за симболично на Илинден, официјално да биде отворена спортската сала после реконструирање.

Покрај нив, натпреварот го следеле и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, како и други високи државни претставници.

Осуда и повици за одговорност

Меѓу присутните бил и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој денеска од партиската говорница соопшти дека неговата партија осудува секаков вид националистички испади и говор на омраза.

ој посочи дека ксенофобичниот говор бил од една многу мала група граѓани.

„Во тој контекст, осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза, без оглед од чија страна доаѓаат. Таквите злоупотреби одат во корист на сите политички струи и структури, кои со децении водат политика на омраза едни кон други. Национализмот и говорот на омраза е најдобрата одбрана на криминалот на структурите кои со години ги злоупотребуваат меѓуетничките односи и гледаат шанса за спас за кариерите и нивната егзистенција во политиката. Нашата цел е да се обединиме за напредокот и заедничката иднина на Македонија“изјави Петрушевски.

Од СДСМ го осудија инцидентот како обид за предизборни тензии меѓу граѓаните, а од ДУИ, пак, побараа и оставки од функционери на ВЛЕН.

СДСМ и ДУИ со осуда за навредливите скандирања на натпреварот во Куманово – бараат оставки од функционери на ВЛЕН

ВЛЕН возвратија дека во минатото имало многу трагедии кои ги засегале и Албанците, но, како што посочија оттаму, во ниту една ситуација немало оставки на функционери од ДУИ.

Инаку, натпреварот Македонија – Романија заврши со победа на гостите од 80:72.

ПредходнаЗа пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
СледнаОсмани бара одговорност за навредливите скандирања на натпреварот во Куманово: Молкот од премиерот е загрижувачки