Поранешниот премиер Иво Санадер пристигна на својата домашна адреса во Загреб на улицата Козарчева по 13 часот откако денес беше условно ослободен од затворот Липовица. Тој не даде никакви изјави за новинарите.
Санадер беше пречекан од новинари пред неговата куќа во северниот дел на Загреб, но тој не даде никакви изјави, па затоа не одговори ниту на прашањето што да прави со парите кои што мора да ги врати.
Новинарите беа заинтересирани дали му е одземена целата имотна корист што ја стекнал нелегално, според пресудите, од него.
Неговиот адвокат Драган Црнковиќ одговори дека не му е дозволено да коментира ништо освен она што е наведено во судската пресуда.
„Таа пресуда е јавна, во неа се наведени сите посебни обврски што ги има г-дин Санадер и засега тој се држи до нив“, рече Црнковиќ, кој не даде објаснување за финансискиот аспект на условниот отпуст.
На прашањето на новинарите како се чувствува Санадер по ослободувањето од затвор, Црнковиќ одговори дека е задоволен, дека сака да се посвети на своето семејство и на решавање на своите здравствени проблеми.
Претходно, Санадер, во придружба на својот адвокат, се јави во 1-та полициска станица во Загреб, на улицата „Кнежа Бранимира“, откако утрово беше пуштен од затворот Липовица во Сисачко-Мославинската жупанија.