
Нова програма за поддршка на домување со олеснување за одредени социјални категории преку бескаматни кредити субвенционирани од државниот буџет најави албанската Влада, која денеска донесе одлука за тоа.
Министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџа денеска објави дека програмата е насочена кон клучните социјални групи, вклучувајќи ги семејствата на починати полицајци, децата под државна грижа и станарите кои живеат во поранешни приватни имоти. Централен елемент на шемата е непосреден грант од 20% од цената на домувањето за корисници кои исполнуваат услови.
„Иницијативата обезбедува директна финансиска помош на семејствата на службениците за спроведување на законот кои загинале при вршење на должноста и на децата под државна грижа“, рече Гонџа.
Кандидатите можат да го изразат својот интерес преку интернет портал со избирање на услугата „Апликација за станбен кредит со 0% камата – Национална агенција за домување“, пополнување на потребниот формулар и поднесување потребни документи. Нема рок за аплицирање и не е потребна претходна покана за аплицирање од Министерството за економија, култура и иновации.
Веќе втора година владата кредити без камата за обезбедување кров над глава одобрува за лекари, полицајци и припадници на армијата. За секоја категорија доделува по 300 кредити годишно.