дома Избрано Медиуми: Најмалку седум убиства во Холандија нарачани од темната мрежа

Медиуми: Најмалку седум убиства во Холандија нарачани од темната мрежа

Најмалку седум убиства на холандски државјани биле нарачани преку темната мрежа, која нуди услуги за убиства по нарачка, објави порталот RTL Nieuws врз основа на податоци добиени со хакирање на страницата.
Според извештајот, во четири случаи убиствата биле платени, но ниту едно од убиствата не било извршено, а сите клиенти биле измамени од луѓето зад страницата, објави NL Times.
Убиства по нарачка на страницата биле евидентирани помеѓу 2016 и 2022 година.
Порталот RTL Nieuws добил податоци за 14 убиства по нарачка во Холандија.
Во четири случаи, клиентите платиле помеѓу 1.000 и 10.000 евра за убиецот да ја изврши задачата, честопати давајќи детали и упатства за убиството.
На пример, еден клиент побарал целта да биде „изгорена жива“, додека друг клиент дал прецизни упатства за тоа кога и каде да се изврши убиството, додавајќи дека не сака дете да биде присутно за време на нападот.
Иако клиентите ги нарачале убиствата, ниту едно од убиствата не било извршено.
Според RTL, веб-страницата што ја нуди оваа услуга е измама.
Иако страницата изгледала како сериозен „пазар“, луѓето што стојат зад неа всушност ги измамувале корисниците за илјадници евра без никогаш да ангажираат вистински убијци.
Овие измамени клиенти, од страв или срам, не контактирале со полицијата.
Холандскиот државјанин, Имран М. (42), од Хаг, бил уапсен и осуден во 2021 година на осум години затвор за обид за ангажирање платен убиец да ја убие неговата поранешна сопруга, мајка на неговите две деца.
М. платил 4.000 долари, нудејќи бонус од 500 долари ако задачата биде завршена пред следниот викенд.
Жената и децата се криеле шест месеци бидејќи не знаеле дали обидот за убиство ќе биде извршен.
Полицијата во Холандија добила информации од RTL и неколку полициски единици ги истражуваат одговорните лица и жртвите. „Веќе информиравме неколку жртви и сè уште ги истражуваме клиентите“, рече Томас Алинг од холандската полиција. „Ги сфаќаме овие прашања многу сериозно бидејќи издавањето таква наредба е кривично дело. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да ги уапсиме осомничените кои ги нарачале убиствата“, додаде Алинг.
Полицијата  започна пообена истрага.

ПредходнаТриесет години од aкцијата „Олуја“: Меѓусебното признавање на жртвите е тешко
СледнаАрсовска покажа сателитски снимки: 50 нови згради во моментов во Чаир и никој не реагира