дома Без филтер Министерството за правда започнува истрага за наводниот заговор „Русијагејт“ во кој е...

Министерството за правда започнува истрага за наводниот заговор „Русијагејт“ во кој е вклучен Трамп

 Главниот обвинител на Соединетите Американски Држави, Пам Бонди, нареди истрага за наводите за заговор поврзан со руското влијание на претседателските избори во 2016 година, познат како „Русијагејт“.

Бонди им задолжи на обвинителите да презентираат докази пред голема порота за да утврдат дали постојат основи за обвинение, објавува CBS News.
Иако не е јасно кој би можел да биде обвинет, истрагата се однесува на разузнавачките информации за Русија и нејзината улога во изборите во САД.
Одлуката доаѓа по кривичната пријава поднесена кон средината на јули од страна на директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард.
Министерството за правда потврди дека жалбата е примена, но не даде дополнителни детали.
Габард претходно објави повеќе од 100 страници декласифицирани документи во кои се тврди дека разузнавачките информации за руското мешање во изборите биле измислени или намерно изменети.
Таа тврдеше дека постоел „заговор“ и „пуч“ против Доналд Трамп за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама и дека разузнавачката заедница се обидела да ги потисне или манипулира информациите за да го дискредитира Трамп.

Габард ги проследи документите до Министерството за правда, барајќи кривична истрага.
Документите што ги објави Габард вклучуваат е-пошта, извештаи од претседателскиот дневен брифинг и записници од состаноци, кои сугерираат дека претставници на администрацијата на Обама можеби политички ги користеле разузнавачките информации за да го поврзат Трамп со Русија.

Демократите силно ги оспорија нејзините тврдења, велејќи дека постојните докази, вклучувајќи ги извештаите на Сенатот и заклучоците на разузнавачката агенција, јасно покажуваат дека Русија навистина се обидела да влијае на изборите во 2016 година, но дека нема докази за каква било дослух меѓу Трамп и Русија.

ПредходнаВелика Британија ѝ додели лиценца за лансирање во вселената на шкотска фирма
СледнаТриесет години од aкцијата „Олуја“: Меѓусебното признавање на жртвите е тешко