дома Технологии Првични информации за можните спецификации на „Плејстејшн 6“

Првични информации за можните спецификации на „Плејстејшн 6“

Првични информации за можните спецификации на „Плејстејшн 6“

  Поминаа речиси пет години откако излeзе „Плејстејшн 5“ (PlayStation 5), па и гласините за конзолата „ПС-6“ на јапонската компанија „Сони“ (Sony) веќе почнуваат да кружат.

Познавачите со посериозен углед споделуваат низа обемни информации на „Јутјуб“ за можните спецификации на „Плејстејшн 5“, неговата неофицијална почетна цена и датумот на издавање. Сите непотврдени наводи треба да се земат со резерва. Тоа значи – сѐ уште нема официјална потврда од „Сони“, но се спомнуваат помала потрошувачка на енергија и другите трошоци, што е во согласност и со претходните конзоли. Се говори и за преносен уред што ќе ја надополнува конзолата. Тој „преносен“ „ПС-5“ ќе има влез за микро-СД картичка, влез за „M.2 ССД“, екран на допир, УСБ-Ц, хаптички вибрации и два микрофони.

Се наведува и дека новата конзола ќе има трипати подобри перформанси во растеризацијата, или 3-Д рендерирањето, од „ПС-5“ и околу двојно подобри од она што го нуди „ПС-5 про“.

Производството на конзолата и преносниот уред се очекува да почне кон средината на 2027. а продажбата – меѓу есента 2027. и почетокот на 2028 година. Претпоставената цена за конзолата е 499 американски долари (432 евра), или поопшта и послободна проценка – меѓу 400 и 500 долари.  

ПредходнаЛунар трејлблејзер“ – неуспешна мисија на НАСА на Месечината
СледнаЦаринска управа: Разоткриена мрежа на шверц на цигари, против пет сторители поднесена кривична пријава