дома Магазин Светската кошаркарска федерација отвори истрага за инцидентот во Куманово

Светската кошаркарска федерација отвори истрага за инцидентот во Куманово

Федерацијата жестоко го осуди говорот на омраза и дискриминаторскиот или расистички јазик од каков било облик

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) остро го осуди инцидентот со навредливите скандирања на натпреварот меѓу Македонија и Романија кој се одигра во саботата во Куманово. Дополнително, од Федерацијата информираат дека инцидентот е предмет на истрага од нивна страна.

Кошаркарскиот натпревар Македонија-Романија одигран на 2 август во Куманово

„Во оваа фаза собираме релевантни извештаи и изјави во тесна соработка со вклучените национални федерации, како и со локалните власти и органите за спроведување на законот“,соопшти ФИБА, додавајќи дека безрезервно и жестоко го осудува говорот на омраза и дискриминаторскиот или расистички јазик од каков било облик.

Навредливите скандирања на кошаркарскиот меч претходно наидоа на осуда од политичките партии и државниот врв во земјава, како и од македонската кошаркарска федерација и Општина Куманово на чија територија се одигра натпревар

ПредходнаФОТО | Македонскиот Хулк се одмора во Албанија: Пеце од „Суперхикс“ по долго време ги покажа мускулите
СледнаСе огласи Трамп откако се дозна дека Сидни Свини е републиканка: Ја обожавам нејзината реклама