дома Магазин ФОТО | Антонија Гиговска со жешка фотосесија порача: „И да нѐ боли,...

ФОТО | Антонија Гиговска со жешка фотосесија порача: „И да нѐ боли, вреди“

Нов имиџ, провокативен стајлинг и најава за нова песна, Антонија Гиговска повторно го крена Инстаграм на нозе.

Македонската поп ѕвезда повторно докажа дека знае како да привлече внимание! На својот инстаграм-профил објави серија фотографии во кои позира во смел, ултра-женствен фустан со прорези, без долна облека, со долги плетенки и розови потпетици, стајлинг кој дефинитивно не може да помине незабележано.

„И да се скршат бејби, и да нѐ боли, вреди“, напиша Антонија под објавата, додавајќи: „ Спремни сте? Јас да, едвај чекам да ја чуете“.

Со хаштагот #soon, таа наговести дека публиката може да очекува нешто ново од неа наскоро, а фановите веќе шпекулираат дека се работи за нова песна, која се очекува повторно да има доза самодоверба каква што само таа знае да ја изнесе.

Во последните години, Гиговска стана препознатлива по својот моќен вокал, провокативен стил и впечатлив сценски настап, а оваа објава само го подгрева очекувањето за нов музички хит.
ПредходнаНајдобрите дестинации за одмор во септември
СледнаПринцот Хари проговори за кавгата со чичко му: Негираше дека му го раскрварил носот