Актерот Лазар Бараков, еден од главните ликови кои ги одбележаа „Македонските нардони приказни“ и администраторот на фејсбук-страницата посветена Ѓорги Колозов, Горан Марковски, го посетија вечното почивалиште на „последниот македонски цар“. На средбата полна со силни чувства и емоции тие принесоа скромен подарок, ружа и со длабок наклон му одадоа чест и почит на Колозов, актерот кој остави посебен печат во македонската култура.

– Денес, како админ на оваа страница, заедно со легендарниот Лазар Бараков, се поклонивме пред вечното почивалиште на последниот македонски цар – Ѓорѓи Колозов. Нашата средба не беше обична туку преполна со силни чувства и емоции. Таа се случи на свето место – на гробот на човекот кој со својата уметност и умешност нè задолжи како народ и остави длабок печат во македонската култура и душа! Со скромен поклон, ружа во рака, и длабок наклон му оддадовме чест и почит на човекот чие име никогаш нема да згасне! Царот и понатаму живее во своите улоги, во разговорите и сеќавањата, во колективната меморија, во душата на овој народ! Вечна слава честити царе! Твојот народ не те заборава – напиша Марковски.
Македонскиот актер Ѓорѓи Колозов е роден на 26 февруари 1948 во Богданци. Ќе остане запаметен по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Ѓорги уживаше во својата популарност и надвор од нашите гранци во Австралија, Соединетите Држави, како и во соседните држави на Балканот.
Ненадејно почина на 13 октомври 2003 во Скопје на 55 години.




