Водителот и фронтмен на групата „Суперхикс“, Петар Младеновски – Пеце, деновиве ужива на албанското приморје заедно со своето семејство. На својот инстаграм-профил тој објави неколку фотографии и видеа, а се пофали и со своите мускули.

Иако речиси никогаш не се појавува во јавноста полугол, сега направи исклучок, намачкан со кал од глава до пети, Пеце ги покажа мускулите, а јавноста не остана рамнодушна.
И тоа не е сè — пејачот доби бројни позитивни коментари дека успеал да ги намали килограмите и дека изгледа одлично.




