Можно е наводно таинствената ќерка на рускиот претседател Владимир Путин индиректно да го споменала својот татко за првпат во животот на социјалните мрежи.

Објавите не го споменуваат експлицитно Путин, но во контекст на извештаите за идентитетот на нејзиниот татко, тие можат да се сметаат како критика кон него.
Наводната тајна ќерка на Владимир Путин за првпат го прекина молчењето за рускиот претседател со таинствени објави на социјалните мрежи, пишува британски „Сан“.

Елизавета Кривоногих (22), позната и како Луиза Розова, алудирала на својот „татко“ во бесните објави за човекот кој ѝ го „уништил“ животот и ги открила своите чувства за руската војна во Украина.
Луиза, која дипломира на уметничко училиште и живее во Париз, алудирала на „човекот кој одзеде милиони животи и ги уништи мојот“ – тоа звучи како горчлив прекор кон нејзиниот наводен татко.
Во друга објава, таа напишала: „Ослободувачки е повторно да можам да го покажам своето лице на светот“.
„Ме потсетува на тоа која сум јас и кој ми го уништи животот“, објави германски „Билд“, кој има пристап до приватниот телеграм-канал на жената „Art of Luiza“.
На својот инстаграм-профил, Луиза внимавала да го скрие своето лице – но во последно време повторно споделува фотографии од себе во целост.
Таа не прецизира кога или каде се направени фотографиите, но најновата е во рускиот синџир кафетерии „Сурф кофи“ (Surf Coffee).
Луиза е родена на 3 март 2003 година во Санкт Петербург и се верува дека е дете од аферата помеѓу Путин и неговата поранешна хигиеничарка Светлана Кривоногих.
Тврдењата за идентитетот на нејзиниот татко првпат беа објавени од истражувачкиот проект „Проект“, критички настроен кон Кремљ, уште во 2020 година.
Наводно нејзината мајка станала многу богата по нејзиното раѓање, што поттикна шпекулации дека парите дошле од Путин за да го купи нејзиното молчење.
Луиза претходно имала видливи профили на социјалните мрежи во Русија, на кои се прикажувала како патува низ светот со приватни авиони, како е ангажирана како диџеј во ексклузивни клубови и носи дизајнерска облека.
Но, потоа, непосредно пред Русија да ја нападне Украина, нејзиниот профил одеднаш е избришан.
Оттогаш се преселила во Париз и дипломирала на Факултетот за културен и уметнички менаџмент ИКАРТ во јуни 2024 година.
Во последно време, нејзиниот дигитален отпечаток повторно се појави со значително променета слика.
Се чини дека таа станала позаинтересирана за политиката и отворено зборува против војната во Украина – а сега го осудува луксузот.
Извештаите велат дека работи во „Л Галери“ во Белвил и „Еспејс Албатрос“ во Монтреј – обете уметнички галерии во Париз во кои се одржуваат антивоени изложби.
Таа го усвоила и името Елизавета Руднова – очигледно по Олег Руднов, еден од починатите пријатели на Путин, во обид да го скрие својот вистински идентитет.
Наводно нејзината улога како менаџерка на галеријата вклучува помагање во организирањето изложби и снимањето видеа.
Уметницата Настја Родионова, која избегала од Русија во 2022 година, објавила бесна изјава и ги прекинала врските со двете галерии со кои е поврзана Луиза.
Во објавата на Фејсбук, таа напишала: „Важно е да се каже дека верувам во претпоставката за невиност и дека децата не се одговорни за злосторствата на своите родители. Но, со оглед на тоа што војната го достигнува својот врв, неприфатливо е да се дозволи личност која доаѓа од семејство кое профитира од режимот (на Путин) да се сретне со жртвите на тој режим. Мора да знаеме со кого работиме и да одлучиме дали сме подготвени за тоа. Мојот личен одговор во овој случај е не.“
Луиза го бранела својот став и напишала: „Дали навистина сум одговорна за активностите на своето семејство, кое дури ниту може да ме слушне?“

Дмитриј Долински, директор на „Л Здружението“ кое ги води „Студио Албатрос“ и „Л Галери“, го поддржал учеството на Луиза.
Тој изјавил за „Тајм“: „Таа изгледа како Путин, но исто така изгледа и како 100.000 други луѓе. Не сум видел ДНК тест.“
Други инсајдери ја поддржале, нарекувајќи ја „културна личност“ и „одлична работничка“.
Но, Родионова возвратила, инсистирајќи дека жртвите од војната не треба да бидат принудени да делат простор со никого поврзан со режимот – наводната ќерка или не.




