дома Бизнис Јапонија ги укинува децениските ограничувања за производство на ориз поради недостиг и...

Јапонија ги укинува децениските ограничувања за производство на ориз поради недостиг и високи цени

Јапонија ги укинува децениските ограничувања за производство на ориз откако недостигот и високите цени на основната храна почнаа негативно да влијаат на пазарите од летото 2024 година.

Премиерот Шигеру Ишиба денес објави дека јапонската влада активно ќе поддржи зголемување на производството на ориз, во согласност со наодите на владина комисија кои укажуваат дека производството заостанува зад растечката побарувачка, делумно поради порастот на туризмот, објави Кјодо.

Досега, државата ги охрабруваше земјоделците преку субвенции да не ги користат сите достапни површини за садење ориз со цел да се спречи прекумерно производство и да се одржи стабилноста на цените, но Јапонија сега преминува на спротивна стратегија.

ПредходнаРегионална иницијатива за превенција од пожари: Западен Балкан со заеднички чекори кон отпорни екосистеми
СледнаПочина Стела Римингтон, првата жена генерален директор на МИ5