дома Бизнис Hugo Boss бележи раст на оперативната добивка од 15 проценти и покрај...

Hugo Boss бележи раст на оперативната добивка од 15 проценти и покрај послабата побарувачка во Азија

Германската модна компанија Hugo Boss денес објави дека во вториот квартал од 2025 година, забележала раст на оперативната добивка од 15 проценти на годишно ниво на 81 милион евра, и покрај релативно ниската глобална побарувачка од потрошувачите и се послабите резултати на азискиот пазар.

Вкупните приходи на компанијата се зголемија за еден процент на годишно ниво на 1,01 милијарди евра, што ги надмина очекувањата на пазарот.

Hugo Boss успеа да ја одржи стабилноста на продажбата во првата половина од годината, со приходи во износ од две милијарди евра.

ПредходнаВучиќ му испрати порака за поддршка на министерот Глишиќ: Држи се Даре ! Нема предавање!
СледнаПутин веројатно нема да го есапи ултиматумот на Доналд Трамп