Актерката Памела Андерсон се осврна на обвинувањата дека Меган Маркл ја копирала, пренесува „Индепендент“.
Кратко по премиерата на емисијата на Памела, на почетокот на март беше објавен серијалот на Меган Маркл на Нетфликс, „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan). Шоуто не доби значително позитивни критики и има оценка од 3,2/10 на ИМДб.
Неколку месеци откако се емитуваа обете емисии, Енди Коен ја праша Андерсон во емисијата „Watch What Happens Live“ за наводите дека Меган ја копирала.
Андерсон одговори со „еден“, што значи дека не сметала дека има многу сличности. „Еден? На скала од еден до десет, не гледате никакви сличности?“, ја праша Коен актерката.
Андерсон продолжи да објаснува: „Не, навистина не сум го гледала шоуто, но не ги измислив јас емисиите за готвење. Таа само си ја врши својата работа“.