Експлозивна направа беше активирана синоќа во Сараево, при што беа оштетени неколку станбени згради и возила, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.
Експлозијата се случи на улица Новопазарска во општина Нови Град Сараево.
„Во таа прилика немаше повредени, додека неколку станбени згради и моторни возила претрпеа материјална штета“, се вели во полициското соопштение.




