дома Магазин ФОТО+ВИДЕО | Семејна идила: Даниел Кајмакоски со сопругата и двете дечиња ужива...

ФОТО+ВИДЕО | Семејна идила: Даниел Кајмакоски со сопругата и двете дечиња ужива на одмор во Грција

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски честопати знае на социјалните мрежи да сподели приватни моменти со својата сопруга, синот и ќерката.

Овој пат, тој се пофали дека поминува квалитетно време со семејството уживајќи на плажа. Имено, по гостувањето на концертот на Лепа Брена, пејачот одлучи да појде на одмор во Грција со својата сопруга и со двете мали дечиња, синот Стефан и ќерката Емилија.

 

Тој објави фотографии на кои Стефан си игра на плажа и видео од семејна прошетка со Емилија која наскоро ќе наполни 9 месеци. Инаку, Даниел со семејството беше на море и во јуни.

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Но, тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со сопругата Марина од Охрид.

Видео плејер

ПредходнаФОТО | Редок вид делфини забележани во Грција: Големи до 4 метри и тешки до 500 килограми
СледнаПетнаесет години „Баскерфест“: Уличната магија повторно оживува низ Македонија