Пејачката Тамара Тодевска ги растопи срцата на своите следбеници со една многу лична и емотивна објава. На својата инстаграм-приказна таа сподели фотографија од куќата на нејзината баба Пава во Црвенка, Војводина – место кое, како што вели, ѝ буди најубави детски спомени.

„Голем дел од детството го поминав во оваа куќа. Куќата на баба ми Пава во Црвенка, Војводина. Неверојатни чувства ме обземаат само кога ќе поминам покрај неа. Најубавите спомени ми се оттука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели кои постојат и ден-денес … и баба ми. Таа ми беше посебна љубов. Толку ѝ се радував кога доаѓав. Денеска како да беше таму кога поминав, баш пред нејзината капија, да ме чека да пристигнам … И да останам цело лето“, напиша Тамара во искрената порака, објаснувајќи ги своите чувства кои ѝ се будат при секое минување покрај куќата.
Во текстот, пејачката опиша колку длабоко ѝ недостига баба ѝ, додавајќи на крајот: „Бабо, ми недостасуваш секој ден“, завршувајќи ја објавата со емотикон срце.
Тамара уште еднаш покажа дека покрај големиот талент, носи и големо срце, а ваквите моменти само ја прават уште поблиска до својата публика.