дома Македонија Црна хроника Инцидент во Скопје: Семејство нападнало полицајци откако се заканувале со пиштол на...

Инцидент во Скопје: Семејство нападнало полицајци откако се заканувале со пиштол на друго лице

messenger sharing button

whatsapp sharing button
twitter sharing button
viber sharing button

Вчера околу 23:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Р.(54), Бе.Р.(24), Б.Р.(24) и 14-годишник, сите од Скопје.

Според пријавеното, околу 22.50 часот на подрачјето на Чаир, Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука по што заминале од лице место.

Откако биле пронајдени, двајцата со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полициските службеници, по што сите биле лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПредходнаГраѓанските иницијативи почнаа да собираат потписи за формирање партии
СледнаЗеленски ги наведе петте клучни приоритети за Министерството за одбрана на Украина