Церемонијата ќе се одржи на 7 септември во UBS арената во Њујорк.
Лејди Гага, Бруно Марс и Кендрик Ламар ги предводат номинациите за овогодишните МТВ Видео Музички Награди.
Сабрина Карпентер и Аријана Гранде се исто така меѓу најноминираните уметници за Американските музички награди во 2025 година.
Ноулс и Тејлор Свифт, кои се еднакви во бројот на освоени ВМА награди – по 30, добиле по една номинација оваа година – и двете во категоријата “Изведувач на годината”.
Ниту еден пејач нема издадено албум во изминатата година, но и двајцата имаа успешни турнеи во текот на овој период, извести Би-Би-Си.
Свифт веќе ја држи круната за најмногу трофеи за еден изведувач, бидејќи бројот на Ноулс вклучува и соработки со други уметници.
Свифт исто така беше најголемиот победник на церемонијата минатата година, освојувајќи седум награди, вклучувајќи ги и двете најпрестижни: Изведувач и Видео на годината.
Оваа година, Лејди Гага добила 12 номинации, Бруно Марс 11, раперот Кендрик Ламар бил следен со 10, а пејачката на “Espresso” Сабрина Карпентер добила 8.
Номинациите на Лејди Гага вклучуваат изведувач на годината и најдобар албум за “Mayhem”. 39-годишната пејачка моментално е на турнеја во САД.
“Die With A Smile”, соработка помеѓу Лејди Гага и Марс, била номинирана за Песна на годината, а музичарите исто така биле номинирани за Најдобра соработка, Најдобра Поп и Видео на Годината.
Оваа година ВМА вклучува две нови категории: Најдобра кантри песна и Најдобар поп изведувач.
Церемонијата ќе се одржи на 7 септември во UBS арената во Њујорк.
Сè уште не се објавени планови за овогодишните МТВ Европски Музички Награди, а шоуто наводно е привремено суспендирано.