дома Македонија Економија Фотоволтаици и дозвола за струја за домаќинства по кратка постапка

Фотоволтаици и дозвола за струја за домаќинства по кратка постапка

Владата го либерализира производството на струја од домаќинствата и компаниите – ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW и истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

„За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач – производител. Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги објави на ener.gov.mk“, информираат од Министерството.

Оттаму објаснуваат дека рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 kW, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија

„Со измените потрошувачите-производители добија повисоки прагови за своите електрани и тоа за домаќинствата лимитот е до 10 kW, а компаниите – 70 kW“, наведуваат од ресорното министерство.

ПредходнаУчениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
СледнаЛула: Болсонаро треба да биде обвинет за поттикнување на САД против Бразил