дома Свет ПОТВРДЕНО; Русија и САД се согласија да одржат средба меѓу претседателите Путин...

ПОТВРДЕНО; Русија и САД се согласија да одржат средба меѓу претседателите Путин и Трамп

 

Русија и САД постигнаа договор за одржување средба меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, во наредните денови, изјави денес за новинарите рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека е договорена основата за билатерална средба на високо ниво, која ќе биде организирана по предлог на американската страна, пренесува новинската агенција ТАСС.

Локацијата на средбата е исто така договорена, но ќе биде објавена подоцна, изјави рускиот дипломат.

ПредходнаНотарска канцеларија во криминал со лихварење и фалс заверки
СледнаМакедонски производител на оружје гради мрежа од лобисти кои го поддржуваат Трамп