дома Македонија Црна хроника Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите...

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

  Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

Според последната неофицијална вест од Охрид давеникот чие тело попладнево е пронајден кај Трпејца е нуркач.Според очевидци на чинот на пронаоѓање на давеникот се работи за лице кое е облечено во нуркачко одело кое имало опрема за нуркање.

Засега нема официјални податоци за инцидентот.

Предходно портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски не ја потврдува ниту ја демантира трагедијата.

СВР Охрид ја потврди трагедијата во Охридското езеро и даде детали за давеникот од соседната држава.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски попладнево го потврди инцидентот со давење на лице во водите на Охридското езеро и информираше дека се работи за педесет и двегодишен Бугарин кој исчезнал на голема длабочина во близина на селото Трпејца.

Инцидентот се случил денеска во 13 часот и 15 минути се во вадење на телото се ангажирани охридски нуркачи.

-На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.

ПредходнаДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември
СледнаВолстрит журнал: Висок кинески дипломат приведен на испрашување