дома Локално Даскаловски обвинува: Пред избори маските почнаа да паѓат – формирана нова коалиција,...

Даскаловски обвинува: Пред избори маските почнаа да паѓат – формирана нова коалиција, Костадинов со ВМРО-ДПМНЕ

Пред избори маските почнаа да паѓат.

 По вчерашните здружени соопштенија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, независниот советник Танушев и градоначалникот Костадинов добивме нова коалиција во Струмица, која во паника од изборите кои следуваат дејствуваат организирано против мене и СДСМ.

Вчерашната седница беше целосно спороведена по деловник.

На дневен ред беше предложен амандман од советникот Танушев, по кој требаше изјаснување од страна на заменикот раководител на сектор за анамандманот, кој во два наврати (пред и после пауза) не се изјасни воопшто, свесен дека нема средства за реализација на истиот.

Инаку известителот од прв ред е Градоначалникот, потоа заменик градоначалник, потоа раководител за на крај заменикот…

Откако увидоа дека за предложениот амандман нема средства во буџетот, советникот Танушев сакаше од негови “политички” побуди да го стави на гласање.

Замислите, ВМРО-ДПМНЕ беа против тоа, за сега да излезат со соопштение во кое ја покажуваат нивната дволичност.

Паниката во нивниот штаб, очигледно ги тера на соопштенија кои не се ни блиску до реалноста, но за тоа на избори граѓаните ќе судат.

Зошто маските паднаа!?

Пред 3 месеци кога повикуваме на здрав разум за ситауцијата во градинките, ВМРО спинуваа, незавинсиот велеше да не се политизира, а градоначалникот вети ребаланс за пронаоѓање средства на кадарот од градинките, не го стори тоа.

Ништо од тоа не се случи, напротив сега ВМРО повторно игра дволично, независниот политизира, а градоначалникот чукајќи се во гради, заборави на ветеното.

Ваквиот хаос ќе престане уште во Октомври.

Јас сум човек кој секогаш е спремен да подаде рака кон секој и за секој.

Граѓаните на Општина Струмица знаат кој е Марјан Даскаловски.

Маските ви паднаа, јас сум победувал различни коалиции, затоа што сум со граѓаните, па затоа и ќе ве победам повторно!

Соопштение на Марјан Даскаловски.

ПредходнаГрадоначалник потрошил повеќе пари од дозволенот, затоа ке му се одбие од надоместокот
СледнаТелекомуникациска кула на Водно во завршна фаза, објави шефот на Комисијата на АЕК