Авион на Аустијан Ерлајнс е вториот авион кој деновиве удрил во јато птици на скопскиот аеродром што е втор ваков инцидент во рок од два дена.
Една од птиците речиси целосно го уништила моторот на авионот марка Ербас 320. Благодарение на приземноста на пилотите , тие успеале по големиот инцидент да ја намалат брзина и воопшто да не полетаат.
Ова е втор ваков инцидент за два дена на скопскиот аеродром откако авион на Виз Ер удри во јато птици на полетување па кружеше околу скопскиот аеродром и принудно слета.
Справувањето со јатата птици е сериозен предизвик за сите аеродроми ширум светот, бидејќи судирот на авион со птица) може да предизвика големи оштетувања, особено ако птицата влезе во моторот. Затоа, аеродромите користат повеќе методи за одвраќање и контрола на птиците во близина на пистите. Аеродром „Schiphol“ во Амстердам, Холандија користи обучени јастреби и соколи кои ги одвраќање и заплашуваат помалите птици.