дома Македонија Општество Почина новинарката Јулијана Тануровска

Почина новинарката Јулијана Тануровска

По кусо и тешко боледување, на 60 години, почина Јулијана Тануровска, долгогодишен новинар и уредник на Сателитската програма на Македонската радио-телевизија.

Јулијана остави неизбришлива трага во македонското новинарство, особено како експерт за црковно-религиозни прашања.

Колегите и соработниците ја паметат по нејзината професионалност, посветеност и човечност, кои беа основа на нејзината долга и успешна кариера.

Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.

ПредходнаТргна топлотниот бран – препораки за заштита од високите температури
СледнаМултитаскинг“-Меџити: сече ленти како кандидат за градоначалник во работно време на вицепремиер и министер