Четири астронаути од мисијата „Crew-10“ на НАСА ја напуштија Меѓународната вселенска станица (ISS) и се упатија кон Земјата во капсулата „SpaceX Dragon“.
Екипажот, составен од Никол Ајерс, Ен Меклејн, јапонскиот астронаут Такуја Ониши и рускиот космонаут Кирил Песков, го започнаа своето враќање на Земјата, каде што се очекува денес да се спуштат во Тихиот Океан покрај брегот на Калифорнија, објави Ројтерс.
Петмесечната мисија започна на 14 март со цел ротирање на екипажот и спроведување на повеќе од 200 научни експерименти во услови на микрогравитација.




