
Уште еден автобус на ЈСП се соочи со проблеми, откако „Скопје1“ објави видео на кое може да се забележи дека возилото чади на сите страни.
На железничката станица во Скопје почна да излегува чад од сите страни, по што лица реагираа со противпожарни апарати.
На кратко видео на Фејсбук се гледа како чад излегува од повеќе места на задниот дел на автобусот.
Пред неколку недели исто така се запали автобус на ЈСП, а жената-возач беше примена во болница поради вдишан чад.




