Во првите шест месеци од оваа година, Црна Гора регистрираше 612.500 пристигнувања и 1.833.265 ноќевања во колективни сместувачки капацитети, што претставува зголемување од 4,2 пристигнувања и намалување од еден процент кај ноќевањата во споредба со истиот период во 2024 година, според податоците од црногорскиот Завод за статистика Монстат.
Во исто време, во индивидуални сместувачки капацитети се регистрирани 328.271 пристигнувања (зголемување од 10,3 проценти во споредба со 2024 година) и 2.992.360 ноќевања (намалување од 7,9 проценти кај ноќевањата), објави Вијести.
Кога станува збор за набљудуваниот период по општини, на пример, во Будва бројот на пристигнувања се зголемил за 2,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека ноќевањата се намалиле за 4,3 проценти, во Подгорица имало зголемување на пристигнувањата (5,3 проценти) и ноќевањата (6,1 процент), додека за разлика од Херцег Нови, забележано е намалување на пристигнувањата (5,6 проценти) и ноќевањата (4,5 проценти), според црногорската статистика. Во структурата на ноќевањата на гостите од странство, најголем број оствариле туристи од Русија (21,3 проценти), Србија (17,9 проценти), Босна и Херцеговина (5,5 проценти), Велика Британија (4,7 проценти) и Германија (4,4 проценти).