Британските власти уапсија 280 лица во еднонеделна акција насочена кон мигрантите кои работат нелегално како возачи на достава, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Помеѓу 20 и 27 јули, проверени се 1.780 лица, а на 53 притвореници им се разгледани барањата за азил, објави Ројтерс.
Покрај апсењата, 51 бизнис, главно автоперални и ресторани, беа казнети, а 71 возило, вклучувајќи 58 електрични велосипеди, како и околу 9.000 евра во готово и нелегални цигари во вредност од 530.000 евра.
Надлежното министерство објави дополнителни речиси шест милиони евра поддршка за тимовите за спроведување на имиграциските закони, додека беше потпишан договор за споделување информации со компании за достава на храна, вклучувајќи ги Deliveroo, Uber Eats и Just Eat, за да се спречи вработувањето на нелегални работници.




