Македонската поп-ѕвезда Антониа Гиговска ја збогати домашната музичка сцена со нова песна, која ветува да стане задолжителен дел од летните плејлисти. Нејзиниот најнов сингл „Специјалиста“, придружен со атрактивен видеозапис, веќе го привлече вниманието на слушачката публика.
Во спотот, Гиговска се појавува како сексапилна заводничка со впечатливи долги плетенки, во комбинација со енергични танцови сцени, кои совршено ја надополнуваат динамиката на песната.

„’Специјалиста’ е и за тие што скршиле срце и за оние на кои им било скршено срцето. И да се скршат и да боли, вреди… Љубовта секогаш победува, нели?“, порача пејачката.
Автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветкоски, кој заедно со Магдалена Ена го потпишува и текстот. Режијата на видеоспотот е дело на Даниел Јовески.