дома Живот Здрав и сладок почеток на денот: Рецепт за чиа пудинг со јагоди...

Здрав и сладок почеток на денот: Рецепт за чиа пудинг со јагоди и чоколадо

Чиа пудингот со јагоди и чоколадо е едноставен, здрав и исклучително вкусен десерт кој ќе го подготвите без грешка и за кратко време. Сета магија на овој пудинг е во трпението, пишува „Пун куфер“.

Можете да го направите и вечерта претходно, а најдобро е тоа што е толку здрав што не мора да го јадете само како десерт, туку и како ужинка или дури и појадок.

Потребни состојки:

  • 600 мл млеко
  • 350 г свежи сечкани јагоди, плус за декорација
  • 35 г сушени јагоди
  • 2 лажици мед
  • 150 г чиа семе
  • 100 г чоколадо
  • 1 лажичка кокосово масло

Подготовка:

Во блендер измиксајте млеко, 150 г свежи јагоди, сушените јагоди и медот, па смесата префрлете ја во голем сад. Додајте го чиа семето и мешајте со маталка за да нема грутки. Оставете семето да набабри околу 15 минути.

Преостанатите јагоди ставете ги на дното на пет стаклени чаши или чинивчиња. Прелијте со околу 250 мл пудинг од чиа семе. Оставете во фрижидер најмалку 1 час или преку ноќ.

Кога пудингот ќе се стегне, прелијте го со чоколадо растопено со кокосово масло, на пареа или во микробранова. Декорирајте секоја порција со свежи јагоди.

Вратете во фрижидер уште 1 до 2 часа за да се стврдне чоколадото пред сервирање.

ПредходнаЕма Томпсон откри дека Доналд Трамп ја поканил на состанок: „Можев да ја сменам историјата на Америка!“
СледнаХлорот не е доволен: Како да се заштитиме од паразити и бактерии во базените?