дома Свет Масовна пукотница во Балтимор, повредени шест лица

Масовна пукотница во Балтимор, повредени шест лица

Шест лица, меѓу кои и петгодишно девојче, се повредени во масовно пукање што се случи во станбена област во Балтимор, соопшти локалната полиција.
Пукањето се случило околу 21 часот по локално време во саботата навечер, а цел биле граѓани кои се собрале на отворено за да вечераат заедно, изјави комесарот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли, на итна прес-конференција, пренесува ABC News.


Петгодишното девојче било застрелано во раката, но, како што нагласи Ворли, повредата не е опасна по живот.
Најтешко повреден е 38-годишен маж кој е во критична состојба, додека другите повредени се 23-годишна жена и тројца мажи на возраст од 32, 33 и 52 години.
„Досега имаме многу малку информации. Знаеме само дека се испукани повеќе истрели и дека има повеќе жртви“, рече Ворли.
Според него, присутните биле собрани пред куќата и вечерале кога, како што се претпоставува, непознато лице одеднаш отворило оган.

ПредходнаИзраел: Минатата недела во Газа беа дистрибуирани околу 1.900 камиони со хуманитарна помош
СледнаΠpoизвoдcтвoтo нa coнчeвa eнepгиja вo зeмjитe oд БPИKC ќe нaдминe 50% oд глoбaлнoтo пpoизвoдcтвo дo 2024 гoдинa