Најжешкото место во светот денес во 15 часот беше Басра во Ирак, каде што беа измерени 52,6 степени, беше објавено на веб-страницата Огимет, која собира информации за времето од целиот свет.

Градовите во Ирак се меѓу десетте најжешки денес – на второ и трето место со температура од 50,7 степени се Кербала и Насирија.
Најстудено во светот денес во 15 часот е измерено во Восток, Антарктик, минус 68,9 степени.
Најмногу дожд во светот во последните 24 часа падна во Шимоносеки, Јапонија, а најсилен ветер дуваше во Свободни, Русија – 288 километри на час.
Најтопло во Европа денес во 15 часот беше во Турција, а најстудено во Павелец, Русија.
Во Адана, Турција, температурата беше измерена на 47,5 степени, во Павелец, Русија, беше нула степени.
Најмногу дожд во последните 24 часа во Европа наврна во Артвин во регионот Ризе во Турција, по што следува градот Орте во Италија.
Најсилниот ветер денес дуваше во Кракенес, Норвешка, со брзина од 115 километри на час, објавија податоците на веб-страницата на Огимет.




