дома Свет САД: Американската армија се подготвува да ја активира Националната гарда во Вашингтон

САД: Американската армија се подготвува да ја активира Националната гарда во Вашингтон

  Американската армија се подготвува да ја активира Националната гарда во Вашингтон, потврдија двајца неименувани функционери запознаени со ова прашање.
Како што дознава Ројтерс од овие неименувани извори, конечната одлука се чека од американскиот претседател Доналд Трамп, но, како што наведуваат, војниците се подготвени за распоредување.
Еден од функционерите рече дека не е јасно што точно ќе прават војниците, но дека можат да учествуваат во дополнителна заштита на федералните службеници или дури да извршуваат административни задачи за безбедносните служби.

ПредходнаТурскиот земјотрес со јачина од 6,1 степен уби еден човек, а 29 се повредени
СледнаЗемјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала во близина на градот Оахака, Мексико