дома Магазин Џенифер Лопез ептен лесно се справи со „неочекуваниот додворувач“ на сцената

Џенифер Лопез ептен лесно се справи со „неочекуваниот додворувач“ на сцената

Видео: Џенифер Лопез со „неочекуван додворувач“ на сцената
Пејачката продолжи смирено со песната, иако скакулецот ја скокоткаше на вратот – како што и самата призна. Не дозволи инсектот да ѝ го одвлече вниманието, го отстрани со прстите, па доста одважно и професионално ја реши непредвидената состојба и го приврши настапот.

Лопез објави снимка од случката прво на нејзините фан-страници, а потоа и на своите профил.

„Го реши како професионалка“, „Одлично се снајде, јас ќе се онесвестев онаму“, „Среќна бубачка“, „Да ми се случеше ова мене, ќе врескав“ – се дел од коментарите на следачите.

Џеј Ло ја продолжува својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“ во хотелот „Кала ди Волпе“ (Cala di Volpe) на италијанскиот остров Сардинија.

ПредходнаWSJ: Навални беше на работ на ослободување, но почина неколку часа пред тоа
СледнаНевообичаената тема која ги зближува Џенифер Анистон и Кортни Кокс