Едно лице е убиено во пукотница во приштинската населба Ајвалија, соопшти полицијата.
Портпаролката на косовска полиција, Флора Ахмети, потврди дека инцидентот е пријавен синоќа околу 22 часот, и дека жртвата, пронајдена во автомобил, починала на местото на настанот, објави Репортери.
„Смртта на мажот е потврдена од медицински тим“, рече Ахмети.
Осомничениот веќе е идентификуван, а полицијата интензивно го бара, рече Ахмети, додавајќи дека истрагата е во тек.
Ова е петто убиство за два дена – се случи денот по друг сериозен инцидент – тројно убиство во Гњилане.
Тројцата осомничени за тоа убиство се уште се на слобода.




