дома Локално На ГП Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути

На ГП Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути

На ГП  Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути

 – Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПредходнаПожарникарите се борат со шумски пожари во Турција, Грција и Албанија
СледнаВо јуни најмногу странски туристи од Турција