дома Локално Почна чистење на речното корито на Кумановка

Почна чистење на речното корито на Кумановка

Почна чистење на речното корито на Кумановка

  Почна чистењето на речното корито на реката Кумановка, информираа денеска надлежните. Акцијата на општина Куманово, како што посочија надлежните, има за цел да го отстрани отпадот, дивата вегетација и да го подобри протокот на водата – за почиста средина и превенција од поплави.

– Работните екипи се ангажирани на терен, посветено работат за да го направат градот побезбеден и поубав за сите нас. Апелираме до граѓаните: да ја чуваме природата, да не фрламе отпад во реките и да придонесеме кон заедничка одговорност, информираш кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општина Куманово склучи договор за чистење на речно корито од трева нискостеблести растенија и отпад со компанија од општина Василево кон крајот на јануари годинава, за што одвои скоро два милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Граѓаните постојано реагираат дека речните корита се полни со отпад и шут, текстил. Несовесни граѓани исфрлаат разновиден отпад, исфрлаат и мебел во речното корито, што ги загрижува кумановци.
Кризниот штаб на почетокот од летово донесе препораки и почна со редовна и вонредна контрола на потегот од Спомен костурницата се до влезот на населбата „Перо Чичо“.

Претходно, од општината најавија дека заеднички со невладините организации ќе работат на подигање на еколошката свест кај граѓаните од Куманово кои живеат долж течението на река Кумановка, ќе се постават повеќе метални садови за смет и полуподземни контејнери. 

ПредходнаАхмети по повод Охридскиот договор: Јас и Албанците, вчера, денес и утре, се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија
СледнаОпштина Струга ги отстапува надлежностите за училиштата на Министерството за образование и наука