дома Граѓански Во Љубојно со блокада на патот се обидуваат да спречат сечење...

Во Љубојно со блокада на патот се обидуваат да спречат сечење на шумата

Револтирани од  сеча на шумата над селото, жителите на Љубојно денес повторно излегоа на протест. На местото каде што се врши сечењето, тие истурија песок на патот за да го оневозможат пристапот на машините, а најавија и целосна блокада уште од 5 часот утрото.

 

Месното население реагира дека никој не ги известил зошто се сече шумата, ниту дали тоа се врши плански и според законските процедури. Загрижените жители веќе испратија писмо до „Македонски шуми“, градоначалникот на Ресен, Министерството за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина.

Во писмото предупредуваат дека оваа активност предизвикува сериозна еколошка штета, загрозувајќи ја флората и фауната, го нарушува туристичкиот потенцијал на селото и носи закани за локалната заедница. Од надлежните бараат итно стопирање на сечата, официјално соопштение и вклучување на претставници од селото во сите идни одлуки за управување со шумскиот фонд

Жителите  најавуваат порадикални мерки доколку сечата продолжи.

Од подружницата на Македонски шуми „Преспа дрво“ велат дека сечата  е спроведена врз основа на десетгодишна програма  за шумско-стопанска основа за експлоатација на шуми, одобрена со одлука на Владата.

„Програмата е донесена пред две-три години и сѐ е плански пресметано, донесена од експерти, шумски инженери. Поради потполна зрелост на шумата, управување и проред, со одобрение на инспектор за шумарство дадена е можност да се експлоатира. Јавното претпријатие  тоа го даде на тендер. Ние вршиме надзор. Тоа е гола сеча вистина, но така е предвидено во програмата.

Жителите стравуваат дека ќе им бидат загрозено домовите од поројни дождови, резервоарот за вода и патот кои сами го гераделе, поради што не се откажуваат од блокадите се до изнаоѓање на решение во интерес на граѓаните а не на профит на поединци.

ПредходнаСтејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа
СледнаПродолжува топлото време – температури до 39 степени