дома Технологии Побарал медицински совет од „ChatGpt“, па завршил во болница поради труење

Побарал медицински совет од „ChatGpt“, па завршил во болница поради труење

Вештачката интелигенција може да биде корисна, но во никој случај не е замена за лекар, како што научил еден 60-годишен маж на тешкиот начин откако бил хоспитализиран откако добил неточен совет од „Четџипити“, пренесуваат странските медиуми.

Според извештај објавен во „Ејналс од интерлнал медисин клиникал кејсес“, човекот побарал совет за тоа како да ја подобри својата исхрана и да го намали внесот на кујнска сол (натриум хлорид). Наместо здрави алтернативи, „Четџипити“ му предложил солта да ја замени со натриум бромид.

Тој го сфатил советот сериозно, купил натриум бромид преку интернет и го вклучил во својата исхрана три месеци. Завршил во болница, убеден дека неговиот сосед се обидува да го отруе. Додека бил на одделението, им кажал на лекарите дека строго се придржува до одредени диететски ограничувања, па дури и си ја дестилирал сопствената вода. Но, во рок од еден ден, неговата состојба се влошила, развил параноја и почнал да доживува халуцинации.

Му бил дијагностициран бромизам – труење предизвикано од прекумерна изложеност на соединението бром, кое нормално се користи во индустриското чистење. Лекарите го лекувале со течности, антипсихотици и електролити откако се обидел да избега од болницата. Иако неговата состојба почнала да се подобрува, се појавиле дополнителни симптоми: замор, акни, проблеми со координацијата на движењата (атаксија) и зголемена жед (полидипсија).

Експертите предупредиле дека вештачката интелигенција може да генерира научно неточни информации, без способност за критичко размислување, што може да доведе до ширење на дезинформации.

Многу е малку веројатно дека некој медицински професионалец би предложил натриум бромид како замена за кујнска сол“, се вели во извештајот.

„ОпенАИ“, кој го развива „Четџипити“, јасно наведува во своите услови за користење дека неговите услуги не можат да се користат за дијагностицирање или лекување на медицински состојби.

И покрај предупредувањата, анкета на „Толкер рисрч“ за годишниот извештај на „Вајтмн шоп“ покажа дека 35 процент од Американците веќе користат вештачка интелигенција за управување со своето здравје.

Огромни 63 проценти од испитаниците рекле дека вештачката интелигенција е нивниот примарен извор на здравствени совети, пред социјалните медиуми (43 проценти) и влијателните лица (41 проценти). Сепак, повеќето сè уште им веруваат на лекарите (93 проценти) и на советите од пријателите (82 проценти).

ПредходнаДали погрешно го толкувате однесувањето на вашето куче? 7 суптилни знаци на болка што сопствениците не ги препознаваат
СледнаДневен хороскоп за 13 август: Вашата интуиција ќе ви биде од помош