дома Свет Балкан НАТО започнува со привремено распоредување на резервни сили во Koсово

НАТО започнува со привремено распоредување на резервни сили во Koсово

– Контингент на резервни сили на НАТО започна со привремено распоредување во Косово , објави денес КФОР.

Како што соопшти КФОР во објава на својот официјален профил на Фејсбук, привременото распоредување се спроведува во согласност со постојните процедури, со цел спроведување на низа обуки со единиците на КФОР.

Како што е наведено, првиот контингент на Шкотската гарда, лесен механизиран пешадиски полк од Обединетото Кралство, пристигна во Косово, каде што ќе биде привремено стациониран за  обука.

ПредходнаДодик: Ќе се распише референдум на кој ќе се постави прашањето за правниот и уставниот статус на РС
СледнаДЗС: Стапката на инфлација во Хрватска во јули изнесуваше 4,1 процент