Цените на кафето Арабика пораснаа во среда поради очекувањата за пад на извозот од Бразил.предупреди Ројтерс .
Цената на фјучерсите за арабика се искачи на шестнеделен максимум од 3,27 долари за фунта на тргување во Њујорк.
Американските увозници на кафе почнаа да бараат од бразилските компании да ги одложат испораките откако Вашингтон воведе царина од 50% на стоките од земјата на 1 август, објави бразилското трговско здружение „Цекафе“.
Претседателот на „Цекафе“, Марсио Фереира, изјави дека американските компании, кои се најголемите купувачи на бразилските производители на кафе, имаат пристап „почекај и види“ и ги следат вестите за напредокот на понатамошните преговори со Соединетите Американски Држави.
„ Тие имаат залихи од 30-60 дена , што им дава одредена слобода и им овозможува да почекаат малку подолго додека траат преговорите“, рече Фереира.
Според податоците од бразилското Министерство за трговија, извозот на кафе од земјата во јули, дури и пред воведувањето на новите американски царини, се намалил за 20,4% во споредба со истиот месец минатата година.
Бразил е најголемиот производител и извозник на кафе во светот.




